Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИрачки мигрант нападнал полицаец во центарот на Белград

Ирачки мигрант нападнал полицаец во центарот на Белград

Српски полицаец е повреден при обид да спречи ирачки мигрант кој го затекнал на дело како краде во центарот на Белград, објави српски „Блиц“. Полицаецот минувал покрај продавницата во која мигрантот заканувајќи му се на продавачот со остар предмет, украл мобилен телефон.

Полицаецот го пресретнал мигрантот, кој му пружил отпор и го нападнал, при што двајцата паднале врз стаклен излог. И двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени со брза помош во Ургентниот центар во Белград. Ирачкиот мигрант е уапсен.