Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонiOs 9 ќе брише апликации при надградба

iOs 9 ќе брише апликации при надградба

Новата верзија на оперативниот систем iOs 9 ќе се инсталира на нов начин, при што доколку е потребно ќе се бришат дел од складираните апликации за привремено да се ослободи простор, со тоа што ќе се внимава да не се избришат витални фајлови за уредот на Apple.

ios 9 first

Проблемот не лежи во самата големина на iOs 9, но можно е откако ќе се „отпакува“ да биде потребен дополнителен простор и на овој начин најбезбедно ќе се сочуваат фајловите на корисникот. Надградбата на iOs 9 е закажана за почетокот на есента, но доколку има вакви предизвици голем број на iPhone или iPad корисници ќе размислат дали воопшто да ја прифатат.

Извор: telefoni.mk