HomeДЕНЕШНАЕкономијаИнвеститорите ги дигнаа берзите како знак дека Трамп не треба да победи

Инвеститорите ги дигнаа берзите како знак дека Трамп не треба да победи

hilari-i-tramp

Инвеститорите дадоа јасен знак дека воопшто не посакуваат Доналд Трамп да победи на денешните избори за претседател, па токму затоа берзите во САД, Европа и Азија забележаа пораст откако ФБИ изјави дека нема причина за кривично гонење на претседателската кандидатка Хилари Клинтон.

Исплашени од можноста републиканскиот кандидат Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, инвеститорите ги намалија вредностите на акциите една недела откако директорот на ФБИ изјави дека почнува истрагата на ново откриени мејлови на демократската кандидадтка Хилари Клинтон.

До понеделникот клучните индекси на акциите во САД пораснаа за 1.5 процент или повеќе. Некои инвеститори веруваат дека Трамп драстично ќе ја промени трговијата ако стане претседател, заедно со регулативата и даноците, што ќе ја намали вредноста на американскиот долар.

Една петтина од фирмите ги навеле изборите како ризик за својот бизинис. Според анализата на „Фактсет“ најзагрижени се за финансискиот, индустрискиот сектор и за потрошувачите.

Очекувањата на инвеститорите се дека Клинтон ќе ја остави статус кво ситуацијата, додека пак Трамп им е нестабилен и сметаат дека тој ќе придонесе за загрижувачки степен на неизвесност.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com