Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИнциденти помеѓу полицијата и мигрантите на јужната граница!

Инциденти помеѓу полицијата и мигрантите на јужната граница!

Околу стотина мигранти од грчката страна се обиделе да стигнат до оградата на границата помеѓу Македонија и Грција, но во таа намера биле спречени од страна на македонската полиција.

Според некои медиуми, полицијата испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух, а бил фрлен и солзавец кон економските мигранти.

Економските мигранти се наоѓаат на ничија земја помеѓу Грција и Македонија, откако македонските власти го ограничија преминот во северна Европа само за Сиријци, Ирачани и Авганистанци кои се сметаат за воени бегалци.

Лицата од други националности се означени како економски мигранти и кажано им е да се вратат назад.