Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИнцидент на скопскиот аеродром: Французин трчал по авион на пистата

Инцидент на скопскиот аеродром: Французин трчал по авион на пистата

Французин заспал на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, чекајќи го летот за Виена, а потоа ја скршил вратата на еден од излезите од Аеродромот, гејт 201 и трчал кон авионот на пистата. Триесет и двегодишниот Французин по извршената контрола на аеродромот околу 4.30 часот заспал чекајќи на столиците и го пропуштил летот.

Кога се разбудил и видел дека го пропуштил летот, во паника почнал да вика и во еден момент почнал да трча и удира по вратите каде насилно ја отворил вратата и се упатил на мостот сакајќи да влезе во авионот каде вратите биле затворени.

Но, кога видел дека авионот е приклучен на возило “пуш- бек“ почнал насилно да тегне по вратата каде го напукнал стаклото од вратата, а потоа се симнал по помошните скали и насилно отворајќи ја вратата од мостот излегол на платформа каде почнал да трча по авионот на кој во моментот му биле вклучени моторите.

Возачот на возилото “пуш – бек“ во „ТАВ“ во моментот на поставување на авионот на позиција за полетување забележал лице како трча и вика на неразбирлив јазик и висок тон, излегол од возилото и го спречил лицето да се упати кон авионот, по што го известил Секторот за безбедност.

Од страна на обезбедувањето истиот бил фатен и предаден на ПО Петровец за понатамошна постапка.