Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИнтервенцијата успешна, пожарот на Водно е целосно изгаснат

Интервенцијата успешна, пожарот на Водно е целосно изгаснат

Пожарот, кој вчера попладне избувна на Водно кај местото Теферич е успешно изгаснат.

Дежурни екипи беа активни во текот на ноќта. Командантот на скопската противпожарна бригада Благоја Менковски утрово изјави дека пожарот е изгаснат уште синоќа и оти е интервенирано со 13 цистерни, пожарот бил ставен под контрола и немало опасност од понатамошно проширување.