Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИнтерпол со мега операција против трговија со фалсификувани лекови

Интерпол со мега операција против трговија со фалсификувани лекови

Околу 400 лица се уапсени и 12,2 милиони фалсификувани лекови се запленети во големата акција на Интерпол против трговија со фалсификувани лекови.

Од компанијата откриле фалсификувани лекови за лекување на рак, тестови за откривање на СИДА, лекови за дијабетес, стоматолошки материјали и незаконска хируршка опрема во нивната деветта операција по ред во која учествувале полицајци од 193 земји. Акцијата е спроведена од 30 мај до 7 јуни под името „Пангеа“.

Освен запленетите материјали, затворени се 4.932 интернет страници кои ги рекламирале овие производи. Вкупно 700 истраги се започнати ширум светот како дел од големата акција.