Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИнтерпелацијата на Димитров, Николовски и Царовска пред пратениците

Интерпелацијата на Димитров, Николовски и Царовска пред пратениците

Интерпелациите на министерите за надворешни работи Никола Димитров и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се на дневен ред на собраниската седница закажана за денеска.

Интерпелациите ги поднесоа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На дневен ред, исто така, се и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за заштита на деца и двата во прво читање. Ќе се разгледуваат и предлозите за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство и двата во прво читање, а поднесени од пратениците од опозицијата.