Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИнтерпалациите на министрите на 11 септември пред пратениците

Интерпалациите на министрите на 11 септември пред пратениците

По враќање од годишните одмори, пратениците на 4 септември, на 12-та седница, меѓу другото ќе расправаат за предлогот на Владата за објавување оглас за јавен обвинител, а веќе на наредната 13-та седница, на дневен ред се интерпелациите за дел од владините министри, пишува „МКД“.

На дневен ред, како што стои на интернет страницата на Собранието, се ставени интерпелациите за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесоа барања за интерпелација и на министерот за здравство, Арбен Таравари, на министерот за култура Роберт Алаѓозовски и на министерот за финансии Драган Тевдовски, но тие ќе се најдат на дневен ред на друга седница.