HomeДЕНЕШНАСветИнтернетот во Северна Кореја откриен пред светот

Интернетот во Северна Кореја откриен пред светот

Административна грешка овозможи пристап до интернетот во Северна Кореја откако е спуштен цензорскиот ѕид, но нема што посебно да види бидејќи најизолираната земја во светот има само 28 веб страници од кои повеќето се наменети за државни и владини институции, а има само една ограничена социјална мрежа која функционира и како прелистувач.

Откритието на севернокорејскиот интернет го направил американски инжинер кој испраќал барања за пристап до DNS серверите и без оглед што вообичаено овие барања се блокирани по грешка биле испратени сите сајтови со kp домен. Меѓу нив има и инфо за туризмот, рецепти, филмови и секако пропаганда за суверениот лидер Ким Џонг Ун.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com