Saturday, Apr 20, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласИнтересни проѕирни животни – не изгледаат реално

Интересни проѕирни животни – не изгледаат реално

Откривањето на живиот свет не импресионира. Постојат животни од кој застанува здивот. Ова се неколку интересни проѕирни животни кои изгледаат помалку и нереално.

Стаклениот октопод (Vitreledonella richardi)
Стаклениот октопод претставува едно од најмистериозните животни воопшто. Овој вид живее во длабоките морски води и скоро е невидлив во својата околина. Само органите за варење и очите не му се проѕирни.
oktopod1За разлика од големите округли очи, како што имаат многу од неговите морски животни што живеат на големи длабочини, стаклениот октопод има очи кои од страна изгледаат речиси правоаголни. Тие претставуваат цевки, со леќи на едната страна и мрежница на другата страна. Очите му се свртени нагоре за да може да го соберат остатокот од дневната светлина, од небото над него. Цилиндричната форма на очите му помага на овој октопод да се маскира кога нема каде да се сокрие.

И октоподот „Japetella“ е исто така проѕирен, но тој има уште еден трик како да се одбрани од грабливците кои имаат сопствен извор на светлина. Во 2011 година, научниците откриле дека тие се менуваат во потемно црвени, кога предаторот ќе ги осветли.

Стаклени жаби (Centrolenidae)
Стаклените жаби се наоѓаат во Централна и Јужна Америка, особено во дождовните шуми. Така се нарекуват поради кожата која им е проѕирна. Тие се зелени – како жабецот Кермит (од Мапет шоу) и испуштаат долг остар звук.
zaba2Многу од 100-те видови од ова семејство имаат проѕирни стомаци, па може да им се види обликот на органите, коските и крвните садови. Кај некои видови, коските се зелени, додека кај некои и внатрешните органи се проѕирни. Нејасно е зошто внатрешноста им е проѕирна. Грбот им е светло зелен и тоа им помага да се вклопат во зеленилото на лисјата во кои живеат. Во 2015 година, Брајан Кубицки и неговите колеги од Истражувачкиот центар за водоземци во Костарика, открија нов вид стаклена жаба наречена „Hyalinobatrachium dianae“, која исто така многу наликува на Кермит.

Месечева медуза (Aurelia aurita)
Иако оваа медуза личи на осветлена топка, името го добила по четирите органи кои се во форма на потковица, кои се видливи преку горниот дел од нејзиното „чадорче“. Тоа се репродуктивните органи, кои кај машките се бели, додека кај женските се бледо розеви. Пипалата на медузата се прекриени со жаречки клетки со кои тие можат да ги зашеметат малите риби во нивната околина.
meduzaМедузите се несомнено најпрепознатливите проѕирни животни – особено за европските плажи, каде често може да се видат исфрлени на крајбрежјето. Медузата плови во близина на површината на водата, каде со своето „ѕвоно“ прекриено со слуз ги лови планктоните и ги движи кон устата за да ги голтне. Со подвижните пипала под водата лови поголем оброци.

Пипалата и ресичките што се наоѓаат по работ на „чадорчето“ се прекриени со жаречки клетки, со кои ги напаѓаат помалите риби. Убодот од медуза не предизвикува особена болка кај човекот, но медузите сепак може да направат голем проблем. Неколку нуклеарни централи морале да ги затворат нивните реактори, откако системите за ладење им биле „поплавени“ од медузи. Големи јата од медузи се честа појава.

Морски орев (Mnemiopsis leidyi)
Ако се движи споро, нема очи ниту мозок и во основа изгледа како проѕирен меур, тогаш се нарекува морски орев. Инспирација за името на ова животно е евидентната тромавост. Тоа не е медуза, туку „ребраш“. За разлика од медузите кои низ водата се движат со потисок, ребрашите се движат со помош на неколку реда од микроскопски структури, слични на влакна, кои вибрираат.
orevМорскиот орев е проѕирен, но неговите ребрасти структури (како од чешел) ја растураат светлината во боите на виножитото. На фотографија, ова создава изглед како мрежа од јажиња со пулсирачка неонска светлина. Ова животно исто така продуцира и сино-зелен биолуминисцетен сјај, преку специјализирани клетки наречени фотоцити.

Ребрата ги користи за ловење на плен, истиснувајќи ја водата богата со планктони директно во устата. Тие се незаситни грабливци и можат да влијаат на целиот ланец на исхрана. Во Црно Море биле случајно донесени преку товарни бродови и толку ги опустошиле планктоните што ги лишиле и другите животни (како рибите ) од храна. Опаднал дури и бројот на големите животни, како делфините и фоките.

Пеперутката со проѕирни крила (Greta oto)
Познато е дека пеперутките отсекогаш се издвојувале. Светло обоените светликави видови ги користат своите забележителни бои за комуницирање и за наоѓање партнер. Нивните крилја рефлектираат толку малку светлина, што дури ни блесок од директна светлина нема да ги издаде.
peperutkaДруги пак се „облекуваат“ наопаку, поставувајќи ги своите мистични бои од долната страна на крилјата, за да ги избегнат грабливците. Но никој не отишол толку далеку како пеперутката со проѕирни крилја од Централна Америка – низ нејзините крила може директно да се гледа. Боите на пеперутката ги создава минијатурниот скелет во крилјата, но тој зафаќа многу мал простор, создавајќи на тој начин прозорец низ кој јасно може да се види позадината зад нив.

Во една студија од 2015 беа опишани структури во крилјата во вид на столбови, со „хаотичен“ распоред и големина. Ваквата структура допринесува за значително намалување на рефлексијата, што во иднина би можело да се искористи кај големите екрани, комјутерските монитори и паметните телефони.

извор:енаука.мк