Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСИнтересни факти за бакнувањето

Интересни факти за бакнувањето

Не постои човек на светот кој не сака да се бакнува, без разлика дали е тоа љубовен бакнеж  или пријателски, во знак на поздрав. За бакнувањето се направени низа истражувања, спроведени се многу анкети.  Докажано е дека чинот на бакнување лачи хормон на среќа и предизвикува сплет на повеќе чувства истовременоБакнежот е ,,обичаj’’ во речиси сите култури.

kiss 2

Еве неколку интересни факти за бакнежите и бакнувањето.

Преку бакнеж со партнерот разменуваме вода, соли и разни микроорганизми.

Чинот на бакнување предизвикува лачење на ендорфин и допамин. Тоа значи дека со бакнеж можете да си го подобрите расположението.

Светски ден на бакнежот е 5 гевруари.

Со бакнеж се активираат 146 мускули од кои 112 постуларни и 34 мускули на лицето

Во просек, 2/3 од луѓето главата ја вртат на десно кога се бакнуваат

Бакнежот на крајот на свадбената свеченост е римска традиција која симболизира ,,потпис” помеѓу двајца луѓе.

kiss 1

37% од мажите се бакнуваат со отворени очи, додека 97% од жените  за време на бакнувањето се со затворени очи.

Мажите кои пред да одат на работа ги бакнуваат своите жени имаат многу попродуктивен ден отколку оние кои излегуваат од дома без бакнеж.

Најдолгиот бакнеж на филм се случил помеѓу Jane Wyman i Reg Toomey во “You’re in the army now”. 1940 година. Траел 185 секунди.