HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИнтер го посакува аргентинскиот ас!

Интер го посакува аргентинскиот ас!

759739_640

После неуспехот да го доведат Хамес Родригез, италијанците својот интерес го свртеа кон еден од најдобрите аргентински фудбалери на денешницата. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер подготвува понуда за услугите на фудбалерот на Парис Сен Жермен Анхел Ди Мариа. Купувањето на Аргентинецот е план Б откако обидот да се донесе Хамес Родригез од Реал Мадрид пропаднал.

Веќе некое време се шпекулира дека Анхел Ди Мариа не е задовел на „Паркот на принцовите“ и дека би можел да ја промени средината уште во јануари. Сепак, „Светците“ сигурно нема да го пуштат Аргентинецот за сума помала од 50 милиони евра, а ќе видиме дали некој ќе му се придружи на Интер во битката за негов потпис.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com