Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИнтензитетот на сообраќајот надвор од градските средини постојано расте

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини постојано расте

Автомотосојузот на Македонија утрово го достави извештајот за состојбата на патиштата на територијата на нашата земја. Во него се наведува дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози и дека е драстично зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини Табановце и Богородица има задржување од околу 30 минути, а на останатите гранични премини, иако интензитетот на сообраќај е поголем, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација важи само за македонската страна на премините.