HomeДЕНЕШНАПолитикаИнститутот за национална историја не пресметува по концептот бруто плата, се плаќаат патни трошоци без налог…

Институтот за национална историја не пресметува по концептот бруто плата, се плаќаат патни трошоци без налог…

institut-za-nacionalna-istorija

Финансиското работење на институтот за национална историја е мистерија дури и за вработените во истиот. Извештајот на државниот завод за ревизија нотира низа неправилности во финансиското работење на овој институт. Имено, во извештајот е наведено дека институтот не пресметува плати по концептот бруто плата, наведени се ненаменски трошења на средства, исплата на аванси за патни трошоци без налог за исплата, како и пропусти во сметководствената евиденција. Професорката Катерина Тодороска која до пред еден месец беше претседател на управниот совет на оваа институција, за 24 Вести вели дека до финансиски документи од институот не може да дојде.

Професорката Тодороска вели дека ги барала финансиските извештаи, како и други документи кои се однесуваат на финансиското работење на институцијата, но во институтот не сакале да и ги дадат.

Според Професорката Тодороска решението лежи во министерството за образование и наука кое е надлежна институција за функционирањето на овој институт. МОН направило внатрешна ревизија, но и тие документи се тајни. Од министерството за 24 вести велат дека тоа не е информација од јавен карактер. Не добивме одговор на прашањата за која година е направена внатрешната ревизија и дали МОН реагирал на пријавите од страна на професорката. Професорката Тодороска добила информација дека внатрешната ревизија е направена за 2015 и не соодветсвува со извештајот на државните ревизори кој е направен за 2014 година.

Стапивме во контакт и со директорот на институтот Драги Ѓорѓиев кој прифати интервју во наредните денови и рече дека ќе одговори на сите наши прашања.

Ова е само мал дел од истражувањето кое го направивме за работењето на Институот за национална историја, а кое наскоро ќе се емитува на 24 Вести. Ревизорските извештаи откриваат многу финансиски неправилности, а ние ќе се обидеме да дадеме одговор како се работи во институтот и зошто министерството за образование и наука не презема ништо за оваа состојба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com