HomeДЕНЕШНАПолитикаИнституциите „распалија“ со тужби едни против други

Институциите „распалија“ со тужби едни против други

spasov-remenski

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски поднесе три кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата поради отстапените автомобили од Агенцијата за вработување. Кривичните пријави од Ременски се за неколкумина вработени во институциите. Дополнителниот заменик министер, Диме Спасов со автомобил во сопственост на Агенцијата удри две возила и избега пеш, а сопатничката ја остави во автомобилот.

„За директорот на агенцијата за вработување, дополнителниот заменик министер, лицата коишто против правно задолжиле возила коишто се во сопственост на друга институција и други лица коишто учествувале во целокупната организација на вака неорганизирана и незаконска работа“, изјави Фросина Ташевска Ременски.

Како и вообичаено, тужените веднаш најавија контратужби. Диме Спасов, Влатко Поповски и останатите посочени ќе тужат за неоснована клевета, бидејќи автомобилите биле користени според законска основа.

„Ова е очекувано за мене и ќе возвратам соодветно на кривичната пријава со кривична пријава“, изјави за 24 Вести директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски. Претходно, МВР на Диме Спасов му поднесе три прекршочни пријави по Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Досега Ременски и Спасов си поднесоа повеќе кривични пријави за работењето во министерството за социјална политика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com