HomeДЕНЕШНАСветИнсталација со ликот на Хитлер ги вознемирила жителите на Берлин

Инсталација со ликот на Хитлер ги вознемирила жителите на Берлин

Контроверзна уметничка инсталација во Берлин, во која лицето на Адолф Хитлер осветлува зграда во центарот на германската престолнина, шокирала многу жители на тој град, пренесуваат локалните медиуми. Еден возач бил толку шокиран кога ја погледнал таа инсталација, која била изложена во рамките на едномесечниот фестивал на осветлувањето, што дури повикал и полиција.

berlin-1

Хитлер е еден до 12 познати лица кои се одбрани да бидат дел од уметничкиот проект на дизајнерот Андреас Белке за учество на фестивалот „Берлин Свети“ кој ќе трае еден месец. Лицето на Хитлер ја осветлува зградата на плоштадот Лајпцигер, додека во позадина се гледа низа на нацистички знамиња. Инсталацијата е поставена само неколку стотоци метри од бункерот во кој хитлер во 1945 година изршил самоубиство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com