Инстаграм со ново лого
Инстаграм вчера го замени препознатливиот изглед на иконата, која потсетува на стар апарат и го претстави новото, направено во минималистички стил, а воведе и некои промени во дизајнот на самата апликација. Инспирирани од старото лого, дизајнерите новото лого го претставија како поедноставен фотоапарат, односно заоблен квадрат каде што во центарот се наоѓа само круг и една точка во десниот горен агол, обоено во еден спектар од боите на виножитото. Сепак, за неполни 24 часа корисниците на апликацијата реагираа со негодување, и бараа враќање на старата икона.
Основачот на апликацијата смета дека старото лого повеќе не ја претставува Инстаграм заедницата онаква каква што е во моментов, дека логото е застарено и не комуницира со инстаграмџиите, па затоа одлучиле да го воведат новото „соголено“ лого.
Инстаграм еволуираше во последните пет години од место на кое се разменуваат филтрирани фотографии кое прерасна во глобална заедница на интереси во која дневно се споделуваат повеќе од осумдесет милиони фотографии и видеа.