HomeГИГА БАЈТСмартфонInstagram отсега со опција за стримување на видео во живо

Instagram отсега со опција за стримување на видео во живо

instagramiphone6

Instagram објави две новости: стримување на видео во живо преку Instagram Stories и опцијата за бришење на фотографии и видеа од Instagram Direct. Компанијата се пофали и дека Instagram Stories опцијата дневно е користена од над 100 милиони луѓе ширум светот.

Најавата на опцијата за стримување во живо е очекуванa, особено по успехот на Facebook Live видеата. Концептот исто така е сличен како и оној на Facebook, откако некој од корисниците кои ги следите ќе објави видео во живо, вие ќе добиете нотификација и ќе забележите Live ознака до нивниот профил. Во текот на видеото може да коментирате и лајкувате.

Втората опција која друштвената мрежа ја најави е исчезнувањето на фотографии и видеа од разговори со групи и пријатели во Instagram Direct.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com