Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИнспекцијата утврди неправилности во зградата на ВМРО-ДПМНЕ, балконот е дивоградба

Инспекцијата утврди неправилности во зградата на ВМРО-ДПМНЕ, балконот е дивоградба

Oпштина Центар изврши инспекциски надзор на два објекти на нејзина територија и констатираше неправилности.

Кај првиот објект, чиј инвеститор е „Брилијант “– Штип, констатирани се мали отстапки од проектот. Еркерите се поголеми од проектната документација. Надлежните ќе донесат соодветни управни акти т.е. решение за прекинување на градбата до усогласување со проектната документација.

Вториот објект е седиштето на ВМРО – ДПМНЕ. Инспекцијата утврди дека балконот на објектот е изграден без потребната дозвола, бидејќи во проектот се тврди дека тоа е настрешница. Како што соопшти раководителот на Секторот за инспекциски работи, Кочо Стојчески, постапено е по анексот за измени во градба, кој се уште не е правосилен.

видео:А1он