HomeДЕНЕШНАРепубликаЏиновски печурки се појавија во Порече, тешки до 15 килограми

Џиновски печурки се појавија во Порече, тешки до 15 килограми

Не само што вргањот добро роди во Порече, туку еден жител на село Косово, во два дена, на две различни локации, пронајде џиновски печурки со досега невидени димензии и тешки над 15 килограми, секоја поединечно, пишува Нова Македонија.

­Како и секоја година така и годинава, редовно собирам печурки во околината на моето село. Но, за разлика од претходните години, годинава ми се случи нешто специјално, а тоа се огромните печурки кои ги пронајдов на две локации над селото, на околу три километри oдалеченост од мојот дом. Прво кога ги забележав овие огромни примероци, не можев да им верувам на своите очи. Бидејќи едната печурка имаше над 60 сантиметри широк корен, морав да се вратам во селото да ја земам моторната пила за да ја пресечам печурката, додека другиот примерок, дури тројца го корневме додека го откорнавме. И наместо со полна торба печурки, јас во двата наврати се вратив дома со по една џиновска печурка, која вредеше многу повеќе. Кога ги донесов овие примероци дома, кај мене се собраа сите соседи да видат печурки, какви што во животот не стретнале“, ги пренесе своите впечатоци Зоре Слијаноски од село Косово.
pecurka-porece-1
Инаку, на теренот каде ги собрал овие печурки имало стара смрека и доволно сончева светлина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com