Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИноваторите и претприемачите ќе добијат 1.3 милиони евра

Иноваторите и претприемачите ќе добијат 1.3 милиони евра

Преку Фондот за иновации и технолошки развој ќе бидат доделени 1.3 милиони евра за стартап компании со нова идеја за бизнис, спиноф компании за ширење на бизнисот, како и за подршка на трансфер на технологии. Премиерот Никола Груевски истакна дека со овие средства кои ќе бидат доделени по јавниот повик ќе се финансираат повеќе бизниси со квалитетни идеи и ќе им се помогне истите да ги комерцијализираат.

„Средствата ќе им помогнат на иноваторите да се самовработат, а преку развој на нивниот бизнис да вработат и повеќе лица во нивните компании, што е сериозен потик на иноваторскио дух во Македонија.

Во минатиот повик на Фондот за иновации и технолошки развој 16 компании добија грантови за своите проекти, а во есенскиот повик се очекува бројот да биде зголемен.