Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИнформативни канцеларии за „Купи куќа за млади“ во сите општини

Информативни канцеларии за „Купи куќа за млади“ во сите општини

Најактуелниот проект на владата „Купи куќа за млади“ ќе се претставува и преку информативни канцеларии кои ќе бидат отворени во над 30 општини низ Македонија со цел полесно да им се претстават можностите и условите на сите заинтересирани граѓани до 35 години. Канцелариите за проектот „Купи куќа за млади“ ќе бидат отворени во просториите на подрачните единици на Управата за имотно-правни односи.