Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Информативен разговор“ одложен за во сабота

„Информативен разговор“ одложен за во сабота

Забавата „Информативен разговор“ што беше закажана за денес пред полициската станица „Беко“ во Центар е одложена за утре, известуваат организаторите.

Предвидено е забавата да започне во 20 часот, а најавен е и музички перформанс.

Како што пишува во информацијата испратена до Министерството за внатрешни работи, целта на забавата е министерот Митко Чавков да може да ги праша учесниците на „Шарената револуција“ се што го интересира.

Забавата доаѓа откако неколку членови на Хелсиншкиот комитет и учесници во „Шарената револуција“ беа повикани на информативни разговори во полициската станица „Беко“ затоа што со боја фрлале кон институциите и спомениците.