Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИнфективното одделение во болницата „8 Септември“ на колективен одмор, граѓаните шокирани

Инфективното одделение во болницата „8 Септември“ на колективен одмор, граѓаните шокирани

Инфективното одделение во скопската Градска општа болница „8 Септември“ е на колективен одмор, дознава www.fakulteti.mk. Неколкумина граѓани вчера биле шокирани откако добиле приоритетни упати за хостпитализација поради сериозни болести, а кога стигнале пред инфективното одделение виделе соопштение дека се на колективен одмор до 15 август.

-Пациентот требаше да биде згрижен на инфективно одделение поради многу висока температура. Бидејќи веќе бевме информирани дека одделот за инфективни болести и фебрилни состојби во „8 Септември“ е привремено затворен, ја информиравме лекарката да не не упатува таму. Не и се веруваше. Не погледна зачудено: „Како може болничко одделение да е на колективен одмор?!“. Во компјутерскиот систем таа се обиде да ни издаде приоритетен упат и успеа во тоа. Но, кога отидовме во болницата ни рекоа дека одделението не прима пациенти, бидејќи сите се на колективен одмор – раскажувал М.Т. од Скопје.