HomeДЕНЕШНАСветИндиски тајкун потрошил 70 милиони долари за венчавката на својата ќерка!

Индиски тајкун потрошил 70 милиони долари за венчавката на својата ќерка!

vencanje-1

Контроверзниот индиски рударски тајкун изнајмил палата и донел бразилски танчерки за венчавката на својата ќерка, која чинела повеќе од 70 милиони долари. За време на петодвневната прослава низ големата палата поминале повеќе 50.000 гости кои ја прославиле венчавката на Брахмани, ќерката Галија Џанардхана Реди, која пред тоа се венчала во церемонија по хиндуистички обичаи.

Младоженецот, Раџив Еди, е наследник на фамилијарна бизнис империја од јужниот град Хидербад. За церемонијата биле ангажирани повеќе од 3.000 членови на обезбедување, кои имале за цел да ги спречат новинарите и неповиканите гости да влезат. За големот број на гости биле изнајмени повеќе од 2.000 таксиња за превоз.

vencanje-2

За забавата на прославата биле одговорни бразилските самба танчерки, како и боливудските ѕвезди. Во екстремна демонстрација на луксуз, сите покани биле позлатени. Можеби најдобар показател за екстраваганцијата е фактот дека фустанот на невестата чинел два и пол милиони долари, додека накитот кој го носела за време на свадбата бил во вредност од 13 милиони долари!

vencanje-3

Локалните медиуми го критикуваа овој начин на прослава на свадбата во време кога многу Индијци се борат да заработат пари за храна поради владините антикорупциски мерки на повлекување на сите „големи“ валути од употреба. Сепак, еден помошник на индискиот тајкун вели дека Реди само сакал луѓето да ја запаметат венчавката неговата ќерка.

vencanje-4

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com