Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласИндија: Се апсат студенти поради мамење на испит

Индија: Се апсат студенти поради мамење на испит

Руби Реј е 17-годишна студентка од Индија која е испратена во затвор поради мамење на испит.

Таа била најдобар студент во индиската сојузна држава Бихар, но во видео интервју рекла нешто што предизвикало сомнеж во нејзиното знаење. Тоа видео стана вирално и морала повторно да го полага истиот испит и е уапсена откако паднала. Одвен тоа резултатите од претходното полагање се поништени.

Пред судот е изведена во неделата и осудена на затвор до 8 јули.

БиБиСи пишува дека таа одлука наишла на бројни критики, зошто таа била малолетна и притоа требало да биде испратена во дом за малолетници.

Листот „Хинду“ го цитираше Ману Махараџа од полицијата кој вели дека Руби Реј мора да докаже дека е малолетна, но не објаснил како.

Во меѓувреме, издадени се налози и за неколку други студенти кои добро се покажале на испитите. На пример, меѓу нив бил и Саураб Шреста која била најдобра од хемија, а не знаела дека H2O е вода.

Агенциите јавуваат дека се уапсени уште 18 лица.

Луѓето кои ја испитувале Руби Реј биле шокирани од тоа што го покажала. Побарале да напише есеј за индискиот поет Тулсидас, а таа само напишала „пофалби за Тулсидас“.

Би Би Си истакнува дека минатата година родителите на ученици во таа држава се фотографирани како се качуваат по ѕидовите од училиштето за да им одговорат некои од испитните прашања на своите деца.