HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) Индиски бизнисмен ја плати најскапата регистарска табличка

(Видео) Индиски бизнисмен ја плати најскапата регистарска табличка

Индиски бизнисмен, кој живее во Дубаи, на аукција во саботата плати над осум милиони евра за купување на регистарската табличка „број пет“.

– Обожувам да собирам едноставни регистарски таблички и многу сум горд што успеав да ја купам оваа со ознаката „Д5“, изјави бизнисменот Балвиндер Сахани.

Тој додал дека бил спремен да плати и повеќе пари и дека табличката му „паднала во око“.

– Јас досега собрав десет уникатни регистарски таблички и се надевам дека ќе ги има уште. Тоа е мојата страст. Оваа со бројот 5 ќе оди на еден од моите „Ролс Ројси“, рече тој.

Аукцијата на уникатни регистарски талички е хит меѓу богаташите во Обединетите Арапски Емирати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com