Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИнцидент во Куманово, 26-годишно момче рането додека се движело по улица

Инцидент во Куманово, 26-годишно момче рането додека се движело по улица

Утрово околу 2:2o часот во кумановската болница било пријавено дека е донесено младо момче со прострелна рана.

Се работи за 26-годишниот А.Н. од село Никуштак, кумановско, кој се здобил со прострелна рана од огнено оружје на левата надколеница, кој според неговото кажување, додека се движел по улицата непознато лице пукало кон него.

Со возило на итната медицинска помош, момчето било однесено на скопските клиники.

Се работи на целосно расчистување на случајот.