Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИнцидент во автобус на ЈСП: Малолетник нападнал врсник со нож

Инцидент во автобус на ЈСП: Малолетник нападнал врсник со нож

Во текот на вчерашниот ден, во автобус на ЈСП, додека 16-годишно момче се возело со неговите другари на релација Битпазар-Автокоманда, во автобусот се качиле уште 10-тина малолетници.

Според информаиците на МВР, eден од нив му удрил шлаканица, а друг извадил нож на расклопување и му го вперил во пределот на половината, без да му нанесе повреди. На автобуската постојка во населбата Автокоманда сторителите слегле од автобусот и избегале.

СВР-Скопје презема мерки за расчистување на случајот.