HomeДЕНЕШНАРепубликаИнцидент на синоќашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

Инцидент на синоќашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром

Инцидент настана на митингот на ВМРО–ДПМНЕ во аеродром откако маж извика „Шутка не ти бега Никола“ додека лидерот на партијата Никола Груевски го држеше својот говор пред подржувачите. Постапката предизвика реакција меѓу дел од насобраните, а полицијата го отстрани лицето од местото на настанот.

Од МВР информираат дека мажот кој довикувал за време на говорот не е приведен, но бил отстранет од местото на собирот со цел да се избегнат дополнителни проблеми.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com