HomeДЕНЕШНАСветИнцидент на граница: Француски полицајци уапсиле белгиски колеги

Инцидент на граница: Француски полицајци уапсиле белгиски колеги

Белгиски полицајци кои враќале мигранти во Франција биле уапсени од нивните француски колеги и биле испрашувани четири часа, со што се покажува колку комплицирана е мигрантската криза во Европа, јавија француските медиуми.

Мигрантската криза предизвика дипломатски тензии меѓу Велика Британија и Франција околу тековите низ градот Кале во Франција, од каде најмногу мигранти бараат начин да преминат на британско тло, а сега на повидок се слични тензии и на другата страна меѓу Париз и Брисел.

Во вторникот двајца белгиски полицајци кои враќале група мигранти преку границата со Франција беа уапсени под сомнение дека шверцуваат мигранти. Тие беа задржани и испрашувани за нивните намери. Се почнало кога камионџија кој ја преминувал границата од Франција слушнал гласови кои доаѓале од приколката на друг камион.

Тој ја алармирал белгиската полиција која открила 13 мигранти од Сирија и од Ирак, скриени во камионот, како се обидуваат да стигнат во Британија, но завршиле во погрешно возило, на другата страна кон Белгија. Бидејќи Белгија ги воспостави повторно граничните контроли од февруари, полицијата редовно фаќа мигранти кои доаѓаат од Франција и ги враќа назад, но полицијата треба да ги придружува до границата, без да ја премине. Белгиските полицајци не забележале дека за 50 метри ја поминале границата и затоа биле уапсени од француските колеги, а потоа биле испрашувани четири часа.

Иако нема да бидат преземени никакви мерки за инцидентот, сепак постапката на француските полицајци предизвика бес на белгиска страна. Од полицискиот синдикат на Белгија објаснуваат дека нивните колеги не сакале да ги остават мигрантите меѓу кои имало и три деца, покрај патот и пешки да одат до границата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com