HomeДЕНЕШНАРепубликаИн витро оплодување со трето и четврто дете на товар на ФЗО

Ин витро оплодување со трето и четврто дете на товар на ФЗО

Владата ги усвои измените за Законот за здравствено осигурување, со што на брачните двојки ќе им се овозможи бесплатно Ин витро оплодување за трето и четврто дете, соопшти денеска од Штип, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски.

– Со измените на Законот, се предвидува ослободување од партиципација на граѓаните кои што ќе добијат право да остварат Ин витро постапка, со што ги ослободуваме од плаќање на шест илјади денари. Ова ќе важи за сите оние лица кои што ќе се обидат да добијат дете по пат на Ин витро за прво, второ, трето и четврто дете до три обиди. Ова е исклучително позитивен проект, кој што е во насока на помош на оние лица кои што имаат проблем тоа да го направат по природен пат, вели Стефановски.

Тој доадава дека со оваа мерка, брачните двојки веќе ќе го немаат финансискиот товар за добивање новороденче. Трошоците кои ќе ги имаат брачните двојки за целокупната постапка и за партиципација ќе бидат комплетно на товар на ФЗО.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com