Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаIn memoriam – Почина Слободан Чашуле

In memoriam – Почина Слободан Чашуле

По кратко боледување на 70 годишна возраст почина Слободан Чашуле. Тој е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил своето образование на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу. Слободан Чашуле беше еден од најистакнатите македонски политичари во минатиот век, искусен амбасадор и дипломат и често беше активен на општествената и политичката сцена.

Во неговата биографија значаен удел има и новинарството, како долгогодишен дописник на Танјуг од Чиле и државите од Јужна Америка, а подоцна и уредник на оваа агенција за Македонија. Свој придонес даде и во основањето на ТВ Скопје кое подоцна прерасна во МРТ, а од 1990 до 1994 беше и директор на македонското радио.