Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаИмпресивно: Погледнете како им се дава живот на престарите фотографии

Импресивно: Погледнете како им се дава живот на престарите фотографии

Модерните генерации речиси и да не знаат што е тоа фотографија во хартиена форма со употребата на новите паметни телефони и дигитални апарати. Денес имаме стотици слики на социјалните мрежи, на мал дел од нив може да разбудат емоции и спомени како едно вредно парче на фотографија.

Ако ги разгледате фото-алубимите(тука не мислам на тие во вашиот телефон или компјутер) ќе најдете прекрасни фотографии на вашето семејство, од младоста на вашите родители или баби и дедовци кои полека избледуваат, дел се оштетени, а некои речиси и непрепознатливи ако не се чувале соодветно.

Улогата на реставратор на спомени ја превзема аргентинскиот фото-уметник Жоакин Вилаверде кој прикажа неверојатна техника на оживување на старите фотографии преку Adobe Photoshop со кои им го враќа оригиналниот изглед и ги збогатува боите и деталите.

За „реставрација“ на една фотографија во дигитален формат потребни се околу 2 часа, а целиот процес забрзано е прикажан во овие кратки видеа кои препорачуваме да ги погледнете.