HomeДЕНЕШНАЕко ФакторИмпресивен подвиг – Препливано Мртвото море

Импресивен подвиг – Препливано Мртвото море

mrtvo-more1

Група од 26 храбри пливачи се решија и успеаа да го препливаат Мртвото море кое е најсоленото во светот со што самото движење е екстремно тешко. Брегот има должина од само 15 километри, но поради тешките услови на пливачите им требале дури 7 часа за да го завршат подвигот. Тие доаѓаат од повеќе земји во светот и се организирани преку здружението EcoPeace со цел да ја подигнат свеста за езерото кое секоја година се намалува за од прилика еден метар.

mrtvo-more2

„Беше потешко отколку што очекував“, рекол 40-годишниот Шпанец Семјуел Моран. „Најлоша е многу иритантната комбинација на Сонцето и чувството на сол на кожата. Цело време имате чувство дека горите“, рекол Моран и признал дека неколку пати посакал да се откаже. Пливачите на лицата имале специјално дизајнирани маски бидејќи дури и мала количина на вода во устата или очите може да предизвика агонија.

mrtvo-more3

Ким Чемберс од Нов Зеланд рекла дека пливала на екстремни места во разни делови од светот, но дека ова било уникатен напор. „Дури и неколку капки вода се чувствуваат како киселина во очите, а голтка дури може да биде и фатална“, рекла таа.

Бреговите на Мртвото море ги делат Израел, Јордан и палестинските области. Со 400 метри под нивото на морето, тоа е најдлабоката депресија во светот. Токму овие држави се и најголеми виновници за уништување на водниот баланс и загрозување на воденото богатство кое е вистинска реткост во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com