Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИмпичмент над главата на Иванов

Импичмент над главата на Иванов

Пратениците на СДСМ и ДУИ ќе започнат постапка за импичмент на претседателот на државата Ѓорге Иванов за бесправната одлука за воведување на општа аболиција за политичари и осомничени лица кои се дел од предметите поврзани со прислушкуваните разговори.

Најпрво ќе се формира Комисија за разгледување на извештајот за одговорноста на Иванов и потоа ќе се донесе одлука дали процедурата ќе се поведе. Во комисијата мнозинството и претседателот ќе бидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

sobranie4dxhx

За да помине импичментот во Собранието потребно е двотретинско мнозинство кое заедно ДУИ и СДСМ не можат да го соберат, па ќе се надеваат на гласови од владејачката партија која исто така беше незадоволна од одлуката на Иванов, но генерално ставовите се дека го разбираат неговиот мотив кој е оправдан.

Аболицијата ја распламти македонската јавност и предизвика огромно незадоволство кое се пренесе во протестите на „Шарената револуција“, додека пак сите партии воопшто и не се согласија со одлуката на Иванов.