Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИлјадници стебла марихуана уништени во Албанија

Илјадници стебла марихуана уништени во Албанија

Албанската полиција продолжува со procesot na  уништување на насадените стабла на дрога марихуана од типот канабис сатива.

Информациите од албанското МВР говорат дека на повеќе локации во земјата само во последните десетина дена се откриени и унишретини над 20.000 стабла дрога.

Последната акција е спроведена во Круја каде се откриени и уништени садници со дрога на 40 лоакции при што се уништени 3.985 стабла со канабис сатива.

Во акциите за уништување на дрогата се притворени најмалку 10 лица, за кои се собираат докази за поврзаност со садење дрога.

Пред повеќе месеци со помош на италијанската полиција, албанското МВР ги утврди локациите каде се одгладува дрогата. Ја има во делови од Северна и Јужна Албанија.
Пред повеќе месеци,  преку голема акција албанската полиција ја уништи најголемата локација на огладување на дрога во селото Лазарат во јужна Албанија, но сепак повремено во оваа село во близина на Ѓироксаро се јавуваат огледувачи на дрога.