Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Илинден“ од Албанија со осуда на изјавата на Рама дека сме Славомакедонци

„Илинден“ од Албанија со осуда на изјавата на Рама дека сме Славомакедонци

Македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо, го осуди делот од интервјуто на албанскиот премер Еди Рама дадено за швајцарскиот весник „Tages-Anzeiger” во кое Македонците ги нарекува Славомакедонци.

– Од името на сите Македонци, што живеат во Албанија, го осудуваме делот од изјавата на премиерот Еди Рама, каде македонскиот народ го нарекува Славомакедонци. Сметаме дека изјавата на премиерот Рама е несоодветна, неодговорна и навредувачка. Бараме од премиерот да не прави дефиници без право и без основа. Ние мора да работиме со храброст да се изградат искрени и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, стои во рекацијата на друштвото „Илинден“, што ја пренесува електронското издание на истоимениот весник на македонски јазик во Албанија.

Според претставниците на петте здруженија на Македонците во Албанија, во оваа држава живеат од 120 до 150 илјади Македонци, иако, како што велат, за жал статус на малцинство албанските власти им прзнаваат само на Македонците кои живеат во областа Мала Преспа, односно општина Пустец. Но, тие доколку одлучат да ја напуштат областа и се населат во друг дел на земјата тоа право го губат.

Со новата територијална поделба укинати се македонските општини во Голо Брдо и Гора и еднствено како општина е останата општина Пустец.