Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИлиевски: Нема да дозволиме на шверцерски начин да одберат претседател на Собрание

Илиевски: Нема да дозволиме на шверцерски начин да одберат претседател на Собрание

Следната недела ќе биде клучна, особено првите три дена, рече денеска пред Собранието Богдан Илиевски од иницијативата За заедничка Македонија. Тој ги повика сите граѓаните да се мобилизирале тие денови. Поддржувачите на иницијативата денеска со автомобили од кои вееја македонски знамиња тргнаа од две локации во Скопје, спортските сали Борис Трајковски и Јане Сандански, по што двете колони се споија пред зградата на Собранието.

„Она што се обидоа да го направат во четвртокот, на шверцерски начин да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од тиранската платформа и веднаш потоа да поминат на избор на Влада ќе се обидат сосема сигурно во овие три дена, пред Велигден да го направат. Тоа не смееме и нема да им го дозволиме“ рече Илиевски.

Тој најави дека утре нема да имаат активности туку ќе соопштеле како се постапуваат од понеделник, дали ќе се собираат пред владата како досега или директно ќе доаѓале пред собранието.