Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометИгропуло доаѓа во Мешков Брест како замена за Криштопанс!

Игропуло доаѓа во Мешков Брест како замена за Криштопанс!

По одличната сезона во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, белоруски Мешков Брест размислува за следната сезона. Ново засилување за клубот е рускиот репрезентативец Константин Игропуло.

32-годишниот Константин Игропуло игра на позиција десен бек, тој моментално настапува за данскиот тим Колдинг. Во Брест треба да остане до летото 2019 година.

Освен за Колдинг, Игропуло исто так има играно за Фуксе Берлин, Чехковски Медведи и Барселона.Тој одигра 110 натпревари за репрезентацијата на Русија, и постигна 505 гола.

Игропуло следната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите, а во Брест доаѓа како замена за Даинис Криштопанс, кој од следната сезона ќе биде нов член на Вардар.