Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимИграњето тетрис ќе ви ја намали потребата од секс, дрога и алкохол

Играњето тетрис ќе ви ја намали потребата од секс, дрога и алкохол

Научниците кои истражуваат како да се намали зависноста од одредени пороци откриле дека играњето Тетрис во рок од три минути значително ги намалува потребите од секс, дрога, алкохол, цигари па дури го намалува и апетитот. Истражувањето било спроведено со 30 испитаници кои во текот на денот можеле било кога да играат Тетрис, но потоа да ги известат научниците дали имаат потреба за одреден порок.

„Играњето Тетрис ја намали јачината на желбата за дрога, алкохол, храна и други активности од 70 до 56 проценти. Ова е прва демонстрација дека когнитивните попречувања може да бидат искористени надвор од лабораторијата за да се намали зависноста за супстанци или претерани активности. Претпоставуваме дека со окупација со интересна игра како тетрис се намалува визуелизацијата на задоволството кое го предизвикува порокот и тешко е истовремено да се замисли нешто толку сликовито. Затоа, Тетрисот може да им помогне на различни зависници да ги намалат своите пориви на едноставен начин во текот на денот“ пренесе Џеки Андраде, главниот истражувач од Универзитетот Плимут.

Истражувачите велат дека сепак, има мал недостаток во играњето Тетрис бидејќи по одредено време искуството станува познато и борбата со зависностите може да биде помалку ефикасна, но овој метод може да се искористи за нови експерименти.