Friday, Jul 21, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонИгра со опасен вирус зарази милион Android телефони

Игра со опасен вирус зарази милион Android телефони

Ако ја инсталиравте и вие апликацијата „Cowboy Adventure“ на вашиот смартфон, веднаш избришете ја. Играта е дизајнирана за да ги украде вашите лични податоци, така што содржи вирус. Антивирусната компанија ESET го открила овој голем пропуст и објаснила на кој начин „Cowboy Adventure“ ги краде податоците од корисниците: Од играта ви излегува лажен црн прозорец за пријавување на Facebook и од вас бара да го внесете својот мејл, бројот на телефонот и лозинка за пристап на Facebook профилот. Кога ќе ги внесете овие податоци, значи дека автоматски хакерите ви ги снимаат.

android malware

„Ова се случува многу почесто одошто повеќето луѓе мислат. Google има безбедносни механизми, кои спречуваат појава на слични малициозни појави на Google Play, но во реалноста ниту еден од нив не е 100% сигурен“, истакнал Робер Липовски од ESET.

Откако Google дознал за овој проблем, веднаш ја отстранил апликацијата „Cowboy Adventure“ од пазарот. Страшен е податокот што апликацијата „Cowboy Adventure“ е преземена над 500.000 пати. Ако ја поседувате оваа апликација и веќе ги внесовте вашите податоци на начинот што ви го објаснивме погоре, веднаш променете ја лозинката за Facebook и на сите други сервиси што ги користите со иста лозинка.

Извор: telefoni.mk