Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаИгор Џамбазов: Би сакал Тоше да го видеше мјузиклот „Тајно моја“

Игор Џамбазов: Би сакал Тоше да го видеше мјузиклот „Тајно моја“

Актерот Игор Џамбазов кој е еден од предводници на новиот македонски мјузикл „Тајно Моја“ во чест на музичката легенда Тоше Проески по чија музика е и инспиран вели дека би бил уверен дека неговото наследство продолжува.

– Овој мјузикл има повеќе пораки, но буквално сите тие се всушност пораките што нашиот Тоше секојдневни им ги упатуваше на своите обожаватели. За тоа дека човекот треба секогаш да има верба во себе, во љубовта, во Бога, да биде хуман и безбрезервно да им помага на сите оние на кои помошта им е неопходна. И токму затоа тврдам дека Тоше би бил пресреќен кога би можел да го види овој мјузикл, и да биде сигурен дека неговата мисија на земјата, иако премногу куса, не била залудна, вели Џамбазов за Република.