HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамИџе достојно ја заврши сезоната со подиум на легендарната Имола

Иџе достојно ја заврши сезоната со подиум на легендарната Имола

Македонскиот тркачки автомобилист со победа на Имола ја заврши првата сезона во ЕТТС натпреварувањето на брзи спортски автомобили, но како и во текот на целиот шампионат повторно доживеа голем пех откако тркачот од Швајцарија Клаудио Труфер се судри со него и му го уништи автомобилот.

ige-italija2

Сепак, резултатот од првата трка беше доволен за Игор Стефановски Иџе да се искачи на подиумот и гордо да се чуе македонската химна на Имола со надежи дека следната сезона со нов автомобил ќе ги покаже своите вистински капацитети. Титулата оваа сезона ја освои Крис Ричард, пред Петр Фулин и неговиот сонародник Петер Рикли.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com