Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмИдрис Елба: Престар сум за да бидам новиот Бонд

Идрис Елба: Престар сум за да бидам новиот Бонд

Актерот Идрис Елба ја негираше можноста дека тој би можел да биде новиот актер кој ќе ја толкува улогата на тајниот агент Џејмс Бонд. Во емисијата „Good Morning America“ 43-годишниот Елба ја наведе својата возраст како пресуден фактор поради кој смета дека не би требало тој да биде новиот агент 007.

„Мислам дека сум премногу стар за таа улога“, изјави Елба. Актерот исто така додаде дека тој никогаш не разговарал со Sony Pictures околу преземањето на улогата на Данијел Крејг, кој се уште официјално се нема пензионирано од таа улога. „Тоа е најлудата шпекулација на светот“, изјави Елба. „Доколку тоа се случи тоа ќе биде вољата на народот, јас не сум во преговори со студиото. А сепак, каде и да одам луѓето ми велат дека би сакале тоа да се случи“, вели Елба.