Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИдомени се „чисти“ без проблеми

Идомени се „чисти“ без проблеми

Кампот со бегалци во Идомени кој со месеци беше преплавен започна да се празни со акција на грчките полициски сили. Околу 8500 бегалци треба да бидат дисплоцирани во нови привремени и подобро организирани кампови, па операцијата се одвива мирно и без инциденти.

Од грчката полиција известија дека се ангажирани околу 400 специјалци, но велат дека нема потреба од примена на сила. Пристапот на новинарските екипи им е забранет. Целата операција на празнење на кампот ќе трае десетина дена со што ќе се надминат големите проблеми за бегалците кои живееја во лоши услови, заглавени меѓу македонско-грчката граница.