Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИдомени е „чист“

Идомени е „чист“

Бегалскиот камп кај Идомени е празен. Мирно и без проблеми заврши евакуацијата на мигрантите. Околу 4.000 бегалци во последните неколку дена беа преместени во бегалските центри во околината на Солун, Кукуш и Пиреја.

Пред почетокот на акцијата во Идомени, грчките власти проценуваа дека бројот на мигранти и бегалци во кампот изнесува околу 8000. Се претпоставува дека дел од мигрантите се сокриле во пограничните планински села, а другите се во помалите кампови околу автопатот кај Идомени, со цел повторно да се обидат да ја преминат границата кон Македонија.

Во Идомени денес се проверува и пругата на грчката железница, доколку  е се во ред се очекува уште утре да се пушти и првиот товарен воз од Солун кон Македонија по пауза од 70 дена. Проценките се дека во Грција има околу 54.000 бегалци, од кои речиси 30.000 се во северниот дел од државата.