Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамИџе спремен да ја одбрани титулата – вчера „згази“ во Швајцарија

Иџе спремен да ја одбрани титулата – вчера „згази“ во Швајцарија

На две трки до крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки, македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе е на чекор да ја одбрани титулата, откако денеска победи и во Швајцарија.

Иџе имаше најдобро време по двете возења, а третото возење беше откажано поради лоши временски услови на патеката. Со вкупно време од 4:41.814 минути, тој беше за речиси десет секунди побрз од второпласираниот Јиржи Лос, кој, исто така, се натпреварува во групата Н.

По десет трки, Иџе има 200 бода, 34 повеќе од второпласираниот во генералниот пласман, Лукас Војачек и само чудо може да го спречи повторно да ја освои шампионската титула.

извор:Дерби.мк