Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамИџе со нов успех – шеста сезонска победа на Европскиот шампипонат на ридски патеки

Иџе со нов успех – шеста сезонска победа на Европскиот шампипонат на ридски патеки

Игор Стефановски – Иџе денеска славеше на патеката „Добшински Копец“ во Словачка на Европскиот шампионат на ридски патеки, откако успеа со само две десетинки предност да го престигне домашниот возач Властимил Мајерчак. Трката ја заврши со време од 5:57:394 минути, со што постигна нов рекорд на патеката.

За најдобриот македонски автомобилист ова е шеста победа во осумте трки за убедливо водство во Генералниот пласман со освоени 165 бодови, 65 повеќе од Јаромир Мали и 50 повеќе од Лос.

Третото место го освои Јири Лос кој целта ја мина за 6:02.721 минути.